За нас | Маркетинг | Контакт

Култура

Фестивал на македонската култура "Лазарополе 2010"

Во периодот од 29 јули до 2 август во Лазарополе, едно од најубавите села во Македонија, ќе се одржи фестивалот "Лазарополе 2010", културна манифестација со учесници од земјава и од странство.

Во Лазарополе традиционално се прославува најголемиот македонски празник Илинден и во овие денови од годината има најмногу гости, меѓу кои и многу иселеници и туристи. Благодарение на организаторите и доброосмислената програма на овој прв фестивал "Лазарополе 2010", се очекува ливадите во Лазарополе да бидат исполнети со илјадници луѓе, кои ќе дојдат да бидат дел од овој празник на македонскиот етнос и култура.

Програмата на фестивалот е следната:

29.07.2010
- Отворање на фестивалот
- Документарни филмови за Лазарополе
- Филм "Планината на гневот" (Режија: Љубиша Георгиевски, Сценарио: Анте Поповски)
- Концерт на Мизар (Претставување на новиот албум "Детето и белото море")

30.07.2010
- Предавање за лазороски дејци
- Филм "Ронка ум" (Режија: Пајо Кардале)
- Концерти на: Bei The Fish, Фолтин, Bernays Propaganda
- Аудиовизуелен перформанс: Tribas/Fabstrakt

31.07.2010
- Поетско матине во 10:00 часот
- Филм "Скендербег и свети град" (Режија: Атанас Чупоски)
- Концерти на: Монистра, Глигор Кондовски, Благоја Грујовски, Ѓоко Грујовски
- Аудиовизуелен перформанс: Dis Phil - Harmonic/Thop

01.08.2010
- Сликарски пикник
- Концерти на: Мајовци, Влатко Илиевски
- Аудиовизуелен перформанс: Stephcut/Geste

Влезот за фестивалот е бесплатен! Ќе има организиран превоз до Лазарополе. Сите заинтересирани можат да се пријават на 071/383-660 или 077/965-478 (mail: apisigor@gmail.com) најдоцна до 28.07.2010г.