За нас | Маркетинг | Контакт

Здравје

Искористете ја сезоната на лубеницата за да го исчистите организмот од отрови

Лубеницата во главно се состои од вода и е нискокалорична. Во топлите летни денови, нема подобар и повкусен начин за да ги надополните изгубените количини на вода. Имено, лубеницата содржи и до 95 проценти вода, па моментално ја гаси жедта, а нејзиниот сок се разградува по целото тело.

Освен вода и шекери, во лубеницата има и витамин А, витамин Ц, витамин Б, калиум, калциум, фосфор и магнезиум. Ова овошје е богато и со антиоксиданси. Овие антиоксиданси спречуваат од заболувања како што се астма и воспаление на дишните патишта. Го спречува дури и делувањето на слободните радикали кои се главни виновници за болести на дебелото црево и артритис.

Ликопенот од лубеницата е многу делотворен антиоксиданс кој ја дава црвената боја на ова овошје. Неколку студии покажале дека сокот од лубеницата одлично влијае и на работата на срцето - и кога се зема како лек и кога се зема превентивно. Многу интересна состојка од лубеницата е аминокиселината цитрулин која во сложени метаболички процеси влијае на намалување на крвниот притисок и опуштање на крвните садови.