За нас | Маркетинг | Контакт

Забава

Романтичните комедии имаат големо влијание врз вистинските љубовни врски

Можеби романтичните комедии пружаат 90 минути чиста забава и смеење, но најверојатно дека имаат многу поголемо влијание врз вистинските љубовни врски од очекуваното.

Истражувањето спроведено на 1000 Австралијанци покажало дека повеќе од половина од нив сметаат дека среќните љубовни завршници го уништуваат погледот за идеална врска. Секој четврти Австралијанец рекол дека од нив се очекува да знаат што мисли нивната партнерка, додека секој петти рекол дека нивната партнерка очекува подароци и цвеќе без никаков повод.

“Изгледа дека романтичните комедии не претвараат во нација на зависници од среќни завршници. Доброто чувство кое ни го обезбедуваат таквите филмови може сериозно да влијае на нашиот поглед на вистинската врска”, вели советникот за врски Gabrielle Morrissey.