Забава
Не земајте чаша вино и не ја гледајте омилената серија на крајот од напорниот работен ден. Доколку навистина сакате да се опуштите - поминете некое време со своето куче, советуваат експертите. Имено, откриено е дека кучешкиот ентузијазам е заразен, така што и нивните сопственици се чувствуваат релаксирано, оптимистички и помалку се окупираат со секојдневните грижи, откако ќе поминат некое време со овие домашни миленичиња.

Истражувањето спроведено врз сопственици на кучиња исто така покажало дека шетањето со куче е најдоброто квалитетно време кое семејството може да го помине заедно, дури и пред заеднички оброк или заеднички одмор.
Истражувањето над 1000 сопственици на кучиња, кое е спроведено од производителот на кучешка храна “Wanalot”, покажало дека 55 проценти од нив се чувствуваат релаксирано после дружбата со кучето, 44 проценти од нив се оптимистички расположени, а 44 проценти помалку се грижат за секојдневните проблеми.
Истражувањето открива и дека еден од четири сопственици го опишуваат кучето како свој најдобар пријател.
Copyright © Urbantime 2010