Забава
Четвртина од жените намерно ги будат своите партнери и тоа само затоа што се љубоморни бидејќи тој спие се додека тие не можат.
Анкетата спроведена во Велика Британија покажала дека на мажите им се доволни десетина минути за да заспијат, додека на жените им е потребно повеќе од еден час. Тогаш на сцена доаѓа “сонливата љубомора”, односно жените намерно пробуваат да го разбудат својот партнер, само за да не го гледа како спие додека таа е будна.

Меѓу “тактиките” кои најчесто ги користат се нагласено превртување во кревет, “случаен” гласен звук како што е испуштање на некои предмети на под, па дури и вклучување на светло или телевизор иако партнерот спие.
Една од десет жени признала дека намерно ќе го вознемирува партнерот и ќе се “прави луда” само за да го разбуди.
“На луѓето понекогаш им е тешко да заспијат, но додатна е фрустрацијата кога ќе видите како некој покрај вас спие мирно”, соопшува фирмата за производство на душеци “Silent night”, која ја спровела анкетата.
Феноменот “сонлива љубомора” често доведува до нервоза, а понекогаш и до кавги.
Copyright © Urbantime 2010