За нас | Маркетинг | Контакт

URBANTIME

Концепт-дизајн за новата Опера во Измир

Зграда на Опера не мора да биде здодевна класика. Архитектите од Ozel Office, интердисциплинарна фирма за дизајн со седиште во Лос Анџелес и Истанбул, предводени од Guvenc Ozel и Erdim Kumkumoglu, решија да ги срушат сите стандарди. Тие создадоа прекрасен концепт за Опера во Измир, вториот по големина турски град на Егејското крајбрежје. Овој концепт комбинира две различни архитектонски типологии: кулата и амфитеатарот.

„Архитектурата станува катализатор кој ја зајакнува врската помеѓу стариот град, новиот град, брегот и урбаната култура. Накусо, нашата визија е синергија на просторна, културна, како и практична и контекстуална естетика.“ - велат од Ozel Office.
Многу интересен и убав концепт.

Подолу се поставени делови од планот за Операта. Кликнете на сликите за да ги зумирате.