За нас | Маркетинг | Контакт

Музика

Познати деталите за Скопје Гори 2011

Затворен списокот на учесниците што ќе го „запалат“ Скопје на 26 мај на Скопско Кале. Ако сакате да бидете дел од овој оган, картите ќе бидат пуштени во продажба од 14ти март, по цена од 900 денари, а може да ги набавите преку системот www.kupikartizase.com.

Најзвучни се британците Hurts a потврдени е учеството и на следните бендови: електронската европска атракција Gramophodzije, извонредниот белградски реге состав S.A.R.S., хрватските Surf рокери Bambi Molesters и нашите Чалгија Саунд Систем .

Интенцијата на фестивалот е оваа година да има свежи и актуелни имиња. Минатата година, Скопје Гори го одбележаа незаменливите Massive Attack, a кој ќе го одбележи оваа година, ќе видиме во мај.