За нас | Маркетинг | Контакт

Музика

Марко Настич во Скопје

Еден од најпознатите диџеи во Источна Европа и миленикот на скопската публика – Марко Настич, повторно доаѓа во Скопје. Овој пат на 4ти март во клубот Хард Рок.

Инаку Марко Настич е роден во Белград, а неговата интернационална кариера започнува откако се запознава со Umek и Valentino Kanzyani кои ја имаат главната улога во неговото промовирање на интернационалната сцена како продуцент.

Првите свои EP-a ги објавува ексклузивно за Recycled Loops record company, “Devil in my pants” и “Let’s get high” со кои ја постигнува својата интернационална слава како продуцент. Потоа ја основа својата продукција Recon warriors за која издаваат многу познати имиња меѓу кои се и Umek и Valentino Kanzyani.

Настанот е во организација на Sun Production, а влезници ќе може да најдете на билетарата на клубот по цена од 200 денари.