За нас | Маркетинг | Контакт

Музика

Монистра со целовечерен концерт во Дом на АРМ

На 18- ти Март етно составот Монистра ќе одржи целовечерен концерт во Дом на АРМ Скопје. На концертот ќе имате можност да слушнете стари македонски песни во изворна варијанта, преработки на староградска музика како и авторска музика.

Во репертоарот на овој концерт се вклучени композиции од нивниот албум, но и нови - кои ќе бидат премиерно изведени.

Билети можете да си набавите од Југотон почнувајќи од понеделник 07.03.2011 по цена од 200 ден и во Домот на Армијата на самиот ден на концертот.