За нас | Маркетинг | Контакт

Музика

Џо Кокер доаѓа во Скопје на 15 јуни

Еден од најдобрите рок, блуз и соул пејачи Џо Кокер доаѓа во Македонија и концерт ќе одржи на 15 јуни во салата „Борис Трајковски“.

Влезниците, како што информираат од Авалон, ќе бидат пуштени од 1 март, а за цените на овој рок настан за оваа година дополнително ќе известат.

Овој неприкосновен уметник во неговата четиридецениска кариера има објавено 21 студиски, и четири албуми во живо кои се продадени во милионски тиражи.

Има освоено Греми, Златен глобус и Оскар, а е еден од ретките британски музичари кои е добитник на ОBE (Order of the Brtish Empire).

Меѓудругите големи хитови ги испеа: „You can leave your hat on“, „Unchain my heart“, „With a little help from my friends“, „Summer in the city“ „I put a spell on you“, „When the nights come“, „You are so beautiful“, „Up where we belong“.