Музика
Во рамките на овогодинешното издание на “Скопје гори” кое ќе се одржи на 26-ти мај на Скопското Кале, како што најавуаат од Авалон, ќе настапи популарниот британски бенд Hurts.

Тео Хачкрафт и Адам Андерсон се дефинитивно најновото, најбараното и најпродаваното музичко чудо на 2010 година. Дуото доаѓа од Манечстер, а според многу критичари е најдоброто нешто што се појавило во минатата година.
Досега издадоа еден албум Happiness, на кој се наоѓа песната Wonderful Life која долго време се наоѓаше на врвот од светските топ листи.
Од Авалон најавуваат дека повеќе информации за настанот ќе има наскоро.
Copyright © Urbantime 2010