Музика
Гери Мур, рок гитаристот и поранешен член на ирската група Thin Lizzy, почина вчера на 58 годишна возраст за време на одморот во Шпанија.

Мур бил пронајден мртов во неговата хотелска соба, во градот Естепона, додека причината за смртта ќе биде објавена, откако ќе биде извршена обдукција на клиниката во Малага.
Тој беше роден во Белфаст, а само на 16 годишна возраст се пресели во Даблин, за да се приклучи на групата Skid Row. Светска слава ја стекна откако се приклучи на бендот Thin Lizzy, познати по хитовите "Whiskey in the Jar" и "Boys are Back in Town". Тој во групата го замени гитаристот Ерик Бел.
Гери Мур имаше успешна соло кариера, соработуваше со повеќемина славни музичари и издаде 20 албуми. За време на неговата богата музичка кариера Мур “експериментираше“ со повеќе стилови, но најмногу со рок, блуз и хеви метал музиката.
Copyright © Urbantime 2010