За нас | Маркетинг | Контакт

Музика

Faithless се распаѓа

Британската денс атракција  "Faithless" на својот сајт објавиле дека после завршувањето на актуелната турнеја, дефинитивно ќе престанат со работа, така што коцертот кој ќе биде на 22 март во Белградската арена ќе биде последна шанса да се види бендот заедно. Макси Џес, систер Блис и Роло одлучиле после 15 години успешно музицирање да стават точка на постоењето на бендот  "Faithless", а причината за ваквиот потег е нивното лично презаситување.

„После 15 години и 6 албуми мислам дека ја постигнавме поентата и време е книгата полека да ја затвориме и да ја вратиме во библиотека. Со вас доживеавме неверојатни, епски и многу емотивни чуства, кои се протегаа низ сиве овие години, за вас поминавме илјадници километри“ - објавено е на нивниот сајт.

"Faithless" почнаа со работа во 1995 а со годините стекнаа армија на обожаватели кои ги поддржуваа. Нивната кариера е богата со голем број хитови, меѓу нив најголеми се "Insomnia", "We Come", "Why Go", "Music Matters"...