За нас | Маркетинг | Контакт

Музика

Dj Balthazar овој петок во Хард Рок

Dj Balthazar, најпознатиот диџеј од Бугарија и еден од најбараните на овие простори, во петок доаѓа во клубот Хард Рок. Познат е по одличните журки, а за тоа говори и фактот што ова не му е прво гостување во Скопје.

Инаку Dj Balthazar е роден во Софија, а со музка започнува да се занимава од пред 12 години. Со пуштање музика почнува да се занимава од 1998 година и за многу брзо време станува еден од најбараните диџеи во Бугарија. Може да се пофали со настапите заедно со најпознатите светски диџеи.

Неговиот уникатен стил варира помеѓу groovy minimal techno и electro/tribal/progressive house и секогаш кореспондира со најновата музика на сцената.

Настанот е во организација на Sun Production, а влезници ќе може да најдете на билетарата на клубот по цена од 150 денари. urbantime.com.mk доделува пет гратис влезници, а сите заинтересирани за можат да испратат маил на gratisi@urbantime.com.mk со своето име и презиме. Добитниците ќе бидат објавени во четврток вечер.