Отворена книга
Во денешно време, кога луѓето често поинтимно се поврзуваат со своите машини отколку со своите блиски, односите меѓу луѓето трпат големи удари. Клод Стајнер предлага силен противотров за оваа болест на денешницата.
Urbantime.com.mk ви препорачува една елегантна и практична програма, која може многу да ве научи за најважниот дел од вашата човечка природа, за вашите емоции, како и за тоа како ефикасно да ги изразувате за да ги одржите и да ги подобрите вашите односи, од оние најповршните до оние најинтимните.

Интелигенцијата не е само IQ. Клод Стајнер не учи како да ја развиеме таа интелигенција на срцето, без која IQ е празен.
Емоционалната писменост е извор на лична моќ од незаменливо значење за успех во денешниот свет. Овде се прикажани по метода, чекор по чекор, конкретни вештини за учење на емоционалната писменост – интелигенцијата со срце!
Оваа книга има непроценливо значење, не само за развивањето на емоционалната писменост, туку и за писменоста во партнерските односи за совладување на вештините кои се неопходни за односи засновани на партнерство, а не на доминација. Таа претставува неопходна алатка за учење на емпатијата, на одговорноста и на способноста за изразување на емоциите врз основа на заемно почитување.
Клод Стајнер во оваа книга успеал да кондензира дваесет години искуство во подучувањето на релативно едноставни, многу ефикасни методи за справување со ужасно сложени психолошки ситуации.
Copyright © Urbantime 2010